Сочни брауни готови за точно една минута: Никогаш полесен за подготовка и повкусен десерт (РЕЦЕПТ)

popara22 јануари, 20241min00
Screenshot_4

За разлика од традиционалните брауни за кои се користат масло, путер и шеќер, за овој рецепт не е потребна ниту една од овие намирници.

 

 

 

Овие колачи не содржат глутен, шеќер, млечни масти или храна од животинско потекло. Тие се подготвуваат многу брзо и јадат уште побрзо.

 

Состојки:

 

  • 270гр пире од сладок компир
  • 115гр путер од бадем
  • 65гр какао

 

Подготовка:

 

Загрејте ја рерната на 180 степени.

 

Во блендер, кратко изблендирајте го пирето од сладок компир, путер од бадем и какао додека не добиете соединета смеса. Ако немате путер од бадем, можете да ги користите и оние направени од кикирики или индиски ореви.

 

Истурете ја добиената смеса во мал плех обложен со хартија за печење и печете 12 до 15 минути, или додека не се испече целосно. Боцнете ја чистата чепкалка за заби во колачот, ако е чиста кога ќе ја извадите, колачињата се готови. Ако чепкалката за заби е влажна, печете ги брауниите уште малку.

 

Оставете да се излади целосно пред да сервирате.

 

Совет:

 

Ако не знаете како да подготвите пире од сладок компир: Излупете сладок компир, исечете го на помали коцки и ставете го во шерпа да се вари околу десет минути. Кога е сварен, исцедете и испасирајте ги компирите со вилушка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag