Потребно е:
1 кг тиквички
3 јајца
100 гр сланина
2 глави кромид
150 гр брашно
половина лажичка сол
1 dl масло
Подготовка:
Излупете ги тиквичките, извадете ги семките и изрендајте ги на крупно ренде. Потоа посолете ги и оставете ги да се исцедат. Кромидот и сланината ситно исечкајте ги и пропржете ги во тава додека кромидот не омекне, а сланината не порумени. Тиквичките исцедете ги од вишокот вода, додадете кромид и сланина, сол, јајца и брашно, па добро измешајте. На крајот со помош на лажица извадете ќофтиња и пржете ги на врело масло неколку минути од двете страни.