Со години се бори со ретка болест: Сега е видена на ретко излегување со сопругот, а нејзиниот изглед ги загрижи сите

popara13 ноември, 20241min00
Screenshot_4

Актерката Џејда Пинкет, која долги години е во брак со актерот Вил Смит, го привлече вниманието на медиумите со нејзиното последно појавување во јавноста.

 

 

 

 

Имено, двојката беше забележана како излегува од ресторанот „Кросроудс кичен“ во Калабасас, Калифорнија и било евидентно дека уживале во друштвото на нивниот пријател, познатиот мотивациски говорник Џеј Шети.

 

Ова е нивно прво заедничко појавување во јавноста по речиси шест месеци, кое предизвика различни реакции кај нивните обожаватели. Иако Вил и Џејда делувале опуштено и расположено, многумина забележаа промени во изгледот на актерката.

profimedia-0932078707
profimedia-0932078750

Таа носеше кафена јакна од брендот „Гучи“, бела маица и фармерки, но она што беше највпечатливо кај неа се избричената глава и речиси непостоечките веѓи.

 

„Се прашувам како е Џејда?“, „Покрај опаѓањето на косата, Џејда боледува и од друга болест?“, „Џејда изгледа лошо, што се случува со неа?“, се само дел од коментарите.

 

Да потсетиме, Џејда Пинкет откри дека таа и Вил Смит се разделени уште од 2016 година, но дека сè уште се формално во брак. Оваа информација ја сподели за време на промоцијата на нејзините мемоари „Вредна“.

 

Исто така, во 2018 година, Џејда отворено зборуваше за нејзината борба со автоимуната болест алопеција, која ги напаѓа фоликулите на косата и предизвикува губење на косата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag