Со години се мачела со кондензација на прозорите, а потоа нашла решение: Тајната е во строгиот распоред

popara3 ноември, 20241min00
1730201147-glass-1868045_1280-750x500

Кондензацијата на прозорците е честа појава во зимските месеци, но може да биде фрустрирачка.

Кондензацијата се акумулира кога внатрешната температура е повисока од надворешната, па често се јавува преку ноќ. Може да се акумулира на секој прозорец, поради што сушењето наутро може да потрае многу време, пишува Express.

„Пробав многу трикови низ годините, вклучително и користење на одвлажнувач, ставање чинија сол покрај прозорецот, како и сода бикарбона. Дури и секое утро користев правосмукалка за прозорци за да го спречам растењето на мувлата во мојот дом и сето тоа чинеше пари. Сепак, во текот на изминатите неколку месеци пробав нов метод и оттогаш не видов никаква кондензација“, рече Софи Харис.

Таа вели дека порано во зима од време на време ги отворала прозорците, но сега решила да се држи до строг распоред. „Секое утро ги отворам пет минути штом станам од кревет. Ова ја вклучува бањата и сите други простории во куќата. Можеби е ладно тие пет минути, но тоа е мала цена што треба да се плати во споредба со потенцијалниот раст на мувлата“, истакна таа.

Тaa напоменува дека е важно тоа да се прави наутро бидејќи ја зголемува вентилацијата, што овозможува влажниот воздух да излезе и ја спречува неговата кондензација на ладни површини.

Исто така, од клучно значење е да се отворат прозорците по туширање и готвење за дополнително да се намали формирањето на кондензација. Овој метод за спречување на влага и мувла е потполно бесплатен, во споредба со другите методи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma