Психологот Кортни С.Ворен одговори на прашањето кое ги мачи многу парови – кога завршува љубовта?
Иако се е индивидуално, како што изјавила за CNBC, дваесет години студирала љубовни парови и дошла до заклучок.
„Посакувам никогаш да не се сретневме“, е реченица што таа вели дека ја презира и која најчесто ги уништувала врските за време на нејзиното истражување.
Како што објасни таа, презирот (кој не мора да биде само вербален, туку може да се изрази и преку гестови) произлегува од верувањето дека партнерот го смета другиот за безвреден или не им придава важност на нивните ставови, па дури и не ги зема предвид. Личноста која често му се жали на партнерот на крајот завршува со понижување или повреда, а тоа воопшто не е љубов.
Уште неколку фрази кои таа ги истакна, а кои ја уништуваат здравата љубовна врска се:
– „Ти ми го уништи животот“
– „Ми пречиш“
– „Не ми е гајле што мислиш или како се чувствуваш“
– „Патетичен си“
– „Не вредиш за моето време“
– „Ми должиш, те трпам со години“
– „Да немавме деца, ќе те оставев“
– „Ми се гадиш“
– „Никој друг не би те сакал“.