СО ШТО ДА ЗАМЕНИТЕ ЈАЈЦА ВО РЕЦЕПТИ? Неколку предлози идеални за деновите на постење

popara20 март, 20241min00
25458_shutterstock-1626806662_f (1)

Во некои рецепти, како на пример за палачинки, доволно е да додадете повеќе други состојки, како млеко или вода и да го прескокнете јајцето. Во другите рецепти потребно е да се замени јајцето бидејќи јадењето нема да биде исто. Има неколку замени кои ја врзуваат, згуснуваат или подигнуваат смесата, т.е. делуваат како квасец. Ви носиме основни замени како и некои дополнителни, кои можат да ви помогнат да приготвите солени и слатки јадења за време на велигденскиот пост.

1. Основни замени

1 јајце = 1 мала банана (или половина голема)
1 јајце = 2 полни лажици компир скроб
1 јајце = 1 лажица брашно од соја и 1 лажица вода
1 јајце = 2 лажици оцет растворени во половина шолја вода
1 јајце = 1/4 шолја овошно пире и 1/2 лажичка прашок за пециво

2. Дополнително

-Заменете го јајцето со ленено семе

Направете таканаречено „ленено јајце“. Помешајте една лажица лен со три лажици врела вода и оставете да отстои 10 минути. Ќе добиете смеса како белки.

-Заменете го јајцето со чиа семе

Помешајте една лажица мелено семе чиа со три лажици вода и оставете да отстои 20 минути.

-Заменете го јајцето со газирана вода

Во палачинки, можете да додадете 1/4 чаша газирана вода наместо јајце.

– Аквафаба

Најслична на белката, бидејќи е пенеста, па може да добиете „снег“. Со неутрален мирис и вкус ќе биде погоден за приготвување солени и слатки јадења. Правилото е дека 3 лажици аквафаба заменуваат 1 јајце, а 2 лажици ги заменуваат белките во рецептот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag