Спиете со отворени завеси? Еве зошто тоа не е добро

popara27 септември, 20241min00
1723725276-inside-2418846_1280-750x499

Едно прецизно истражување во Кина откри неочекувана врска помеѓу начинот на кој спиеме и нашето здравје.

Се чини дека навиката да се спие со отворени завеси стана сомнителна, а причината за тоа лежи во светлосното загадување. Според истражувањата, спиењето во овие услови може да го зголеми ризикот од мозочен удар за дури 43%.

Светлосното загадување, кое настанува поради вештачко осветлување во текот на ноќта, го нарушува природниот ритам на спиење и квалитетот на одмор. Анализирајќи ги податоците собрани од 28.000 испитаници, научниците забележале јасна поврзаност помеѓу овој тип на загадување и нарушувањата на спиењето.

„Подлабоко разбирање на оваа врска би можело да биде клучно за спречување на цереброваскуларни болести“, посочува д-р Џаин-Бинг Ванг, нагласувајќи ја важноста од намалување на изложеноста на вештачка светлина во текот на ноќта, особено за луѓето кои живеат во урбаните области.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag