Постојат многу разлики меѓу луѓето, а една од нив е навиката да спиете со или без чорапи. Иако се чини дека е поврзано со тоа дали вашите стапала се ладат навечер, експертите велат дека тоа е прашање на карактер.
Постојат два типа на луѓе во светот, оние кои носат чорапи кога спијат и оние кои претпочитаат да одат во кревет без нив. Некои луѓе не можат да спијат без чорапи на нозе бидејќи им е ладно, а други не можат да спијат со нив бидејќи им е жешко, пишува Brightside.
Многумина се убедени дека се работи за навика, но всушност се работи за состојбата на психата и нема врска со топлината и студот во просторијата, а поврзана е и со состојбата на организмот, според на психолозите. Еве го објаснувањето:
Тоа го прават затоа што навистина го чувствуваат студот, иако собата не е студена. Ова може да биде поврзано со различни физички аспекти како што се дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Но, спиењето во чорапи е исто така одраз на психата. Луѓето кои не можат да спијат без чорапи на нозе обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да престојуваат на удобни места и секогаш се стремат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се во нечија прегратка и не им пречи да го делат својот личен простор со други луѓе.
За луѓето кои спијат без чорапи, чорапите им предизвикуваат непријатност и им е премногу топло за да заспијат. Физички, ова може да укаже на брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа. Но, гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и заштитнички настроени кон другите.
Нивниот личен простор им значи многу и ќе се дружат со други луѓе само кога ќе им се допадне, не секогаш. Тие се многу искрени и чесни. Нив ги привлекуваат предизвиците и ќе направат се за луѓето за кои се грижат, само за да се чувствуваат добро.