Иако следните знаци се со поголема веројатност да го простат неверството, иако сте спремни да направите промени и да бидете подобри во иднина, не ни помислувајте да им го скршите срцето.
Вага
Вагата е еден од најнежните знаци на Зодијакот. Тие се обидуваат да дадат се од себе и да го видат најдоброто во луѓето, па ако некој ги изневерува и мислат дека врската вреди да се спаси, постои шанса да ѝ дадат уште една шанса на таа личност. Сепак, тие си ја знаат вредноста. Простувањето не мора да биде еднакво на помирување. Вагите можат да простат неверство, но тоа не значи дека ќе прифатат и ќе ја продолжат врската со партнер кој изневерувал на ист начин.
Рак
Раковите се многу разбирливи. Знаат дека луѓето грешат и толку се врзуваат за своите сакани што ретко помислуваат да ги напуштат. Кога ќе бидат измамени, нивниот прв инстинкт ќе биде да останат и да се обидат да направат работите повторно да функционираат. Сепак, Раковите се неверојатно чувствителни. Дури и кога постои силно чувство на доверба во врската, ќе има моменти кога ќе се запрашаат дали личноста сака да биде со нив, а врската никогаш нема да биде иста.
Риби
Рибите имаат огромни срца и секогаш се трудат да ја согледаат ситуацијата од гледна точка на другиот. Ако ги изневерат, големи се шансите да му простат на другиот и да се обидат да останат пријатели. Сепак, пријателството е најдоброто што можат да го направат по неверството. Нема да можат да продолжат со романтична врска со некој кој докажал дека не може да им биде верен.