СПРЕЧЕТЕ ГО ШИРЕЊЕТО НА НЕПРИЈАТНИ МИРИСИ ОД КУЈНАТА! Искусните домаќинки откриваат што треба да направите!

popara21 јануари, 20241min00
Screenshot_5

Мирисот на тазе подготвена храна може да му го разбуди апетитот секому. Но, ако мирисот од подготовката на храната потрае и неколку часови по оброкот, може да претставува проблем.

 

 

 

Доколку сте се соочиле со ваков проблем, добро е да се знаат овие неколку начини за отстранување на лошиот мирис во кујната по подготовката на вашиот омилен оброк.

 

1.Секогаш пред да почнете да готвите, затворајте ги сите други врати во домот. На тој начин ќе спречите ширење на непријатниот мирис од пржен кромид, праз или пржена риба насекаде во домот. Доволна причина за тоа е фактот што силните мириси најмногу ги впиваат ткаенините и текстилот. Ако не сакате вашите алишта, постелнината или гарнитурата во дневна соба да ви мирисаат на храна, навремено реагирајте и спречете го ширењето на мирисите.

 

  1. Втората работа што треба задолжително да ја правите пред да почнете да готвите е да го вклучите аспираторот во кујната. Најдобар начин да го спречите ширењето на мирисите е доколку низ кујната постојано циркулира воздух.

 

  1. Веднаш по подготовката на храната, измијте ги садовите и исчистете ги површините каде што прскала маснотијата за време на подготовката на храната.

 

  1. Најдобар и најефикасен начин за неутрализирање на веќе постојните мириси во кујната е во подлабоко тенџере да ставите да се варат некои од вашите омилени зачини. Затоа, следниот пат кога кујната по подготовката на храна ви мириса непријатно, во поголемо количество вода ставете да се вари цимет, шипинки, па дури и кари. На тој начин за кратко време ќе се неутрализираат мирисите.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma