Пеглањето облека е задача што многу луѓе не ја сакаат, но постојат неколку паметни начини кои можат значително да ја олеснат оваа задача.
Експертот за перење алишта Гвил Снук за The Sun откри четири начини како да престанете да ја користите пеглата.
Избегнувајте пренатрупаност
Иако кошулите, панталоните и другите предмети што се гужваат треба да се закачат за да се спречи туткање – постои една грешка што сите ја правиме во овој процес.
Експерт за перење алишта откри дека преполната гардероба ќе предизвика вашата облека повторно да се збрчка, дури и ако веќе сте ја испеглале.
По перењето и сушењето на алиштата, проверете дали има доволно простор во плакарот помеѓу предметите кога ги чувате за да го спречите тоа.
Влажна крпа
„Ако користите машина за сушење, додајте влажна крпа во текот на последните 10 минути од циклусот“, рече Снук, додавајќи дека „ќе ја омекне ткаенината и ќе помогне со наборите на ткаенината“.
„Дополнителен трик е да се вметне тениско топче, што го забрзува сушењето на алиштата и го намалува нивното туткање“, додала таа.
Домашен спреј
Доколку брзате и сте заборавиле да ја испеглате облеката, овој спреј ќе ве спаси.
Измешајте еднакви количини вода и омекнувач во шише со распрскувач и измешајте.
Потоа можете да го испрскате спрејот на облеката за да и помогнете на ткаенината да се опушти и „наборите да исчезнат откако ќе ја обесите“, додаде Снук.
Пареа
Многу луѓе претпочитаат рачна пегла на пареа отколку класична пегла, но ако не ја поседувате, постои едноставен трик со кој можете да го постигнете истиот ефект.
Предметите што сакате да ги испеглате закачете ги во бањата додека се туширате со топла вода. Пареата ќе помогне да се олабават брчките од облеката.
Правилно сушење на облеката
Ерик Мендес од Laundry Turtle сподели неколку совети за сушење облека на најдобар можен начин.
„За побрзо сушење на алиштата, размислете да користите топчиња за сушење за да ги одделите предметите и да го зголемите протокот на воздух“, рече тој.
„Покрај тоа, поголемата брзина на центрифугирање во машината за перење може да отстрани повеќе вода од алиштата, намалувајќи го времето на сушење“, додаде тој.
„За сушење на воздух, ставањето облека во добро проветрено место со добра циркулација на воздухот може значително да го забрза процесот“, заклучи тој.