„Срцето ме боли“: Крис Џенер ја објави веста за ненадејната смрт на нејзината единствена сестра, ова никогаш нема да го заборави

popara21 март, 20241min00
Screenshot_3

Познатиот член на семејството Кардашијан-Џенер, Крис на социјалните мрежи се огласи за ненадејната смрт во семејството.

 

 

 

 

Таа се прости од нејзината сестра Карен, која почина на 65-годишна возраст.

 

ТМЗ пишува дека 911 биле повикани во Сан Маркос во понеделникот попладне, но било предоцна.

 

Причината за смртта на Карен засега не е позната, но странските медиуми наведуваат дека најверојатно се работи за природна смрт.

 

Карен беше единствената сестра на Крис и тие пораснаа заедно во Сан Диего. Извори блиски до семејството за TМЗ изјавија дека Крис е многу вознемирена поради смртта на нејзината сестра. Тогаш реалити ѕвездата се огласи на Инстаграм каде објави неколку постари фотографии со Карен.

 

„Со голема тага морам да соопштам дека мојата сестра Карен неочекувано почина. Срцето ме боли за мајка ми и внука ми. Го молам Бога да не води низ ова тешко време.

 

ОБЈАВАТА НА КРИС МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

Карен беше прекрасна, беше најслатка, најљубезна, најчувствителна и многу смешна. Таа го негуваше своето семејство и пријателите, особено нејзината ќерка. Го ценам секое сеќавање што го имаме заедно. Нејзината смрт е потсетник дека животот е многу краток и скапоцен. Мора да им кажеме на оние што ги цениме колку ги сакаме. Те сакам, моја убава сестро“ – напиша Крис.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag