Стана милијардерка, но не може да си ја исполни најголемата желба: Селена Гомез (32) не смее да забремени – еве зошто

popara10 септември, 20241min00
Селена-Гомез (1)

Селена Гомез стана милијардерка, но никогаш нема да може да си ја исполни желбата да забремени.

Селена Гомез (32) официјално стана милијардерка – нејзината козметичка компанија достигна вредност од 1,3 милијарди долари, а за нејзиното богатство придонесоа и музичките и актерските успеси.На Инстаграм ја следат неверојатни 424 милиони луѓе, што и овозможува да склучува исклучително поволни рекламни договори.

Пред четири години Гомез откри дека боледува од биполарно растројство и започнала неколку проекти кои имаат за цел да ги дестигматизираат менталните проблеми.

По бројните професионални успеси, Селена Гомез вели дека сака да ја исполни својата улога на мајка. Во интервјуто објавено вчера за магазинот „Venity Fair“ таа откри дека никогаш нема да смее да забремени.

„Никогаш не сум го кажала ова,но за жал не можам да ги носам моите деца“, рече Гомез. „Имам толку многу медицински проблеми што би го ставиле во опасност и мојот живот и животот на бебето. Морав да го прежалам тоа…“

Селена и претходно зборуваше за страдањата предизвикани од компликациите на лупус. Оваа болест ѝ беше дијагностицирана во 2015 година, а бидејќи бубрезите почнаа да и откажуваат, трансплантацијата беше неизбежна.

„Вистински благослов е тоа што има прекрасни луѓе кои се подготвени да бидат сурогат мајки или посвојување, па затоа имам одлични опции“, вели Селена.

„Навистина сум благодарна што постојат можности за оние кои “умираат” да станат мајки. И јас сум една од нив“, продолжи таа. „Возбудена сум што патувањето ќе биде малку поинакво, но на крајот на денот, не ми е важно. Ќе биде мое. Бебето ќе биде мое“, изјави Селена. .

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma