„Старее ли таа воопшто?“: Најубавата тенисерка остава без здив на 54 години

popara27 мај, 20241min00
88969_profimedia-0848375336_f

Една од најубавите тенисерки во светот Габриела Сабатини (54) одамна не е активна на тениските терени, но нејзиниот заносен изглед се уште привлекува внимание.

Иако многу рано ја заврши спортската кариера, на само 26 години, Сабатини најде утеха во други работи. Таа денес има своја линија парфеми и редовно е активна на социјалните мрежи каде со бројните следбеници споделува интересни моменти од својот живот.

gabrijela sabatini

gabrijela sabatini

Таа неодамна објави атрактивна фотографија од Рим на која покажа како ужива во секој момент. Нејзините следбеници не можеа да се воздржат од коментар: „Жено, што се случува? Дали старееш воопшто?“, „Ти си најубавата Аргентинка досега“, се само дел од воодушевените реакции.

gabrijela sabatini

Да потсетиме, спортската кариера на Габриела Сабатини беше исклучително успешна. Таа освои сребрен олимписки медал во сингл во 1988 година, како и две Грен слем титули, една во сингл и една во двојки. Во кариерата освоила вкупно 41 турнир, од кои 27 во сингл и 14 во двојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag