СТАРИНСКА ШТРУДЛА СО МАК! Овој РЕЦЕПТ ќе ве освои!

popara31 мај, 20241min00
Screenshot_1

Рецептот со видео презентација го приготви Том Филос.

 

 

 

-Според мое мислење ова е најдобриот рецепт за штрудла. Од сите рецепти овој најмногу ми се допаѓа, па одлучив да го снимам со цел да биде достапен на сите, вели Том Филос.

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

 

  • 200 мл млеко
  • 2 јајца
  • 60 мл масло
  • 40 г шеќер
  • 15 г сув квасец
  • 1 лимон – рендана кора
  • 600 г брашно

 

ЗА ФИЛ:

 

  • 500 г мак (семе од афион)
  • 100 г шеќер
  • 20 г ванилин шеќер (2 кесички)
  • 20 г пченичен гриз
  • 380 мл зовриено млеко
  • за премачкување: 1 јајце + 2-3 лажици масло

 

ПОСТАПКА:

 

Во подлабок сад ставете 200 мл млеко, две јајца, 60 мл масло, 40 г шеќер, 15 г сув квасец и рендана кора од еден лимон. Матете со миксер најпрво на бавна, а потоа на поголема брзина додека да се изедначат и соединат состојките.

 

Во течната смеса додадете 600 г брашно и повторно матете со миксер со продолжетоци за тесто. Матете или месете додека да добиете мазно тесто. Оставете го покриено со проѕирна фолија да стасува околу еден час. За тоа време пригответе го филот.

 

За фил: Во поголем сад измешајте 500 г мак, 100 г шеќер со 20 г ванилин шеќер и 20 г пченичен гриз. На оган ставете 380 мл млеко да зоврие, па прелијте ја сувата мешавина. Убаво промешајте да се изедначат состојките, покријте со проѕирна фолија и оставете да излади.

 

Голем плех од рерна убаво намастете го со путер. Стасаното тесто малку премесете го на набрашнета површина и поделете го на два дела. Од секој дел развлечете правоаголна кора со помош на оклагија. Врз целата површина рамномерно распоредете половина од приготвениот фил со мак. Свиткајте во ролат. Постапката повторете ја и со второто тесто.

 

Штрудлите ставете ги во намастената тепсија и покријте ги со проѕирна фолија да стасуваат околу половина час. Стасаните штрудли одозгора премачкјате ги со изматено јајце со малку масло. Печете во претходно загреана рерна на 160 степени, 45 минути, а потоа извадете ги од рерна и покријте ги со крпа неколку минути да подизладат. Деталите со постапката можете да ги погледнете во видеото:

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag