Некои од амајлиите кои се користат за среќа уште од античко време се разни растенија, потковици, предмети. Според народното верување, еден од нив е желадот кој е симбол на изобилство и штити од болести.
Привлекува пари и среќа во љубовта
Треба да земете неколку парчиња во парк и да ги ставите во паричникот или џебот, а можете да ги чувате и дома, во сад. Се верува дека еден желад во паричникот привлекува пари и штити од болести, а три желади ќе привлечат среќа во љубовта и ќе ве заштитат од опасност.
Чинија во куќата го штити целото семејство
Можете да носите и златен или сребрен привезок во форма на желад, исто така ќе привлече пари во вашиот живот, бидејќи е симбол на изобилство. Ако чувате сад полн со желади во вашиот дом, тоа ќе го заштити вашето семејство од сиромаштија, глад и ќе ви донесе среќа.