СТАР РУСКИ ТРИК ЗА ВАПЦАЊЕ ЈАЈЦА: Велигден се ближи и идеите изобилуваат

popara8 април, 20241min00
8cfb50b46e2c4c0be1945e44903ee6ae9b7dba20

Постојат безброј начини за украсување на јајцата за Велигден, а денес ви претставуваме еден многу едноставен трик кој се користи во Русија, а кој резултира со уникатни и убави јајца во различни бои.

Колку повеќе бои изберете, толку пошарени и поубави ќе бидат велигденските јајца, а можете да користите само две бои.

Ви треба:

јајца
зовриена, но изладена вода
различни бои во кеси
алкохолен оцет
стапчиња за уши
гумени ленти за тегли
пластични чаши
салфетки
малку масло за премачкување

Постапка:

Сварете ги јајцата како и обично и оставете ги да се изладат.

Одделете неколку пластични чаши и истурете ја содржината на една кесичка боја за јајца во секоја.

Боите прелијте ги со лажица ладна вода и лажица оцет, па добро измешајте да се растопат боите.

Јајцето завиткајте го во еден лист салфетка или хартиена крпа (ако се повеќеслојни, одвојте ги за да имате само еден тенок слој). Врзете со ластик на врвот.

Потоа потопете ги стапчињата за уши во боите и обојте ги јајцата, по малку на секое јајце додека не добиете повеќебојни и рамномерно покриени јајца. Оставете да се исуши 15 минути. Одвиткајте ги салфетките. На крај, кога целосно ќе се исуши, покријте го со крпа натопена во масло за да блескаат јајцата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag