Стенли Тучи после улогата во „Ѓаволот носи Прада“ не можел да најде работа

popara25 октомври, 20241min00
Los Angeles Red Carpet And Fan Screening For Prime Video's "Citadel" - Arrivals

Стенли Тучи, ѕвездата на претстојниот филм „The Conclave“, се отвори за борбите со кои се соочи откако ја доби улогата во култната драма на Дејвид Френкел „Ѓаволот носи Прада“.

Во филмот тој го играше модниот режисер Најџел, кој му помага на главниот лик Енди (Ен Хатавеј) откако таа е ангажирана како лична асистентка на Миранда Пристли (Мерил Стрип), главната уредничка на магазинот Runway.

Актерот во интервју за Vanity Fair изјави дека имал проблем да најде интересни улоги по филмот „Ѓаволот носи Прада“, иако филмот беше голем хит и освои два Оскари.

„Откако се појавив во филмот „Ѓаволот носи Прада“, не можев да се вработам и не ми беше јасно, но едноставно се случи“, рече Тучи и додаде: „Затоа се согласував на филмови во кои можеби не сакав да глумам, но морав“.

Актерот не сакаше да открие за кои филмови станува збор, но рече дека неговата кариера неколку пати минувала низ такви периоди на кои не можел секогаш да влијае.

„Кога се разболев пред шест години, тоа ги поремети работите некое време, но успеав да закрепнам“, објасни Тучи, кому пред шест години му беше дијагностициран рак на устата.

Почнал да работи прерано бидејќи му требале пари.

„Навистина немав енергија да работам по сите третмани, но понекогаш мора да се работи и по некое време се враќаш на старите навики“, рекол актерот.

Покрај филмот во режија на Френкел, Тучи глумеше во бројни успешни проекти во текот на неговата кариера, вклучувајќи ги и драмата номинирана за Оскар, Lovely Bones, Julie & Julia, Spotlight, Patient Zero… и The Hunger Games.

Дизни моментално работи на продолжението на „Ѓаволот носи Прада“, по сценарио на Алина Брош Мекена, но Тучи не откри дали планира да се појави во продолжението на култниот филм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag