Строга војничка диета: За 3 дена дури 4 килограми помалку

popara7 октомври, 20241min00
Screenshot_2

Тридневната или војничка диета, како што кажува и самиот назив, подразбира многу строг режим на исхрана и многу е важно да се придржувате на пропишаното – од теминот на оброците па се до намирниците.

 

 

 

Оваа диета има план кој морате строго да го почитувате доколку сакате да ги постигнете саканите резултати. Со оглед на тоа дека функционира по принцип на хемиско разградување овде не важи принципот некои намирници да ги замените со други бидејќи може да се случи целиот труд да ви пропадне. Од зачини се дозволени сол, бибер и ништо друго.

 

Секој ден се јаде во исто време, без оглед на тоа што не сте гладни во тоа време. По диетата барем четири дена бидете на нормална исхрана (не претерувајте), па доколку сакате можете повторно да ја повторите. Со диетата се препорачува и вежбање. Мерката една шолја се мисли на мала шолјичка за кафе.

 

Прв ден

 

Појадок: Половина грејпфрут, кришка тост лепче со две лажички путер од кикирики, кафе или чај.

 

Ручек: половина шолја туна, кришка тост лепче , кафе или чај.

 

Вечера: 80 грама било кое немасно месо или пилешко бело месо, шолја грашок, половина банана, мало јаболко и шолја сладолед од ванила.

 

Втор ден

 

Појадок: јајце, половина банана, кришка тост лепче

 

Ручек: шолја свежо сирење, тврдо варено јајце и пет солени крекери

 

Вечера: две виршли без леб, шолја брокули, половина шолја рендан морков, половина банана и половина шолја сладолед од ванила.

 

Трет ден

 

Појадок: Кафе или чај со една до две лажички засладувач, пет солени крекери, 26 грама сирење и едно мало јаболко.

 

Ручек: тврдо варено јајце, една кришка тост лепче

 

Вечера: шолја туна, половина банана и една шолја сладолед од ванила.

 

Вода можете да пиете колку што сакате, а ако строго се придржувате до диетата можете да изгубите четири килограми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma