Сувите масла се „волшебници“ заради кои кожата изгледа позатегната и помека

popara7 мај, 20244min00
the-importance-of-body-oil-in-skincare-comp

За разлика од традиционалните масла кои оставаат лизгаво чувство на кожата, сувите масла се посебни поради нивните формули кои брзо се впиваат и имаат мат „финиш“. Ги сакаме затоа што сме подготвени да се облечеме во рок од неколку секунди по нанесувањето, а во исто време тие ја задржуваат влагата во кожата, правејќи ја помека и посјајна.

Сувите масла содржат поголем процент на масла со низок вискозитет како семе од грозје, арган и калинка, а благодарение на нивната молекуларна структура не создаваат чувство на тежина на кожата, објаснуваат експертите за Vogue. „Влажните“ масла како кокос, јојоба и бадем остануваат подолго на кожата и имаат побогата текстура, што ги прави идеални за зимските денови. Експертите ги споредуваат сувите масла со серумот за тело и ги нарекуваат брзо и ефикасно решение за дехидрирана кожа. Тие можат да се нанесат на нозете, рацете и деколтето без да се грижите дали ќе ја извалкате вашата облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marcelina (@marcelies)

Некои нови формули се збогатени со состојки за дополнителни придобивки, па некои масла, на пример, ја измазнуваат и визуелно ја „затегнуваат“ кожата. Пред нанесувањето на маслото, експертите препорачуваат суво четкање за да се активира протокот на крв што им помага на состојките длабоко да навлезат. Ако сакате чувство на ладење што го намалува отокот, можете да го ставите маслото во фрижидер неколку часа, но не предолго, за да не се стврдне. За хидратација, добро е маслото да се нанесува директно на влажна кожа со нежни и широки движења. Не е потребно интензивно да ги масирате, имајќи предвид дека сувите масла помалку „лизгаат“ и побрзо се апсорбираат од класичните.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag