Супернамирница во служба на убавината! Цвеклото го чисти лицето и ја зајакнува косата

popara3 октомври, 20241min00
OIP

Цвеклото е една од најпосакуваните намирници бидејќи благодарение на високата содржина на железо и витамини го штити организмот од вируси и ја зајакнува крвната слика.

Помалку е познато дека цвеклото не е добро само за исхраната на анемичните луѓе, туку и дека може да се користи како козметика, за нега на кожата и кога имате проблем со опаѓање на косата.

За блескава кожа

Цвекло со средна големина исчистете го, исечете го на парчиња, па сомелете го во блендер. Со цедалка одвојте го сокот од кашата. Натопете туфер или парче памук во сокот и нанесете го на лицето. Исплакнете по 10 минути и измијте со благ сапун.

Овој третман повторувајте го еднаш неделно, по можност пред спиење, а вашата кожа ќе биде видно посвежа и без мозолчиња. Истовремено, со помош на овој третман, доколку имате проблем со дамки на лицето или рацете, нивниот интензитет ќе се намали.

Super Beetroot Juice Recipe - Cold Pressed Juice | Kuvings Australia

Го зајакнува коренот на косата

Свежиот сок од цвекло е богат со протеини, калиум, фосфор, калциум и витамини Б и Ц – а тие ја подобруваат циркулацијата на скалпот и го поттикнуваат растот на косата. Со него можете да го решите и проблемот со првут, сува или мрсна коса.

Сокот од цвекло измешајте го со иста количина оцет, по можност по два децилитри и со оваа смеса плакнете ја косата после миење најмалку еднаш неделно. Ова ќе го исчисти вашиот скалп и ќе го отстрани првутот. Фитотерапевтите советуваат дека треба почесто да пиете сок од цвекло токму во моментот кога ќе забележите дека косата повеќе ви опаѓа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag