Никој не сака кога ќе му загори храната на дното од тавчето. Ако немате специјални тефлонски тави или од инокс челик кои се направени токму за да не ви се лепи храната, тогаш може да се послужите со овој трик кој секогаш успева.
Стручњаците пресметале дека оптималната температура на тавите за печење без лепење е 160 Целзиусови степени.
Вештите кулинарски познавачи знаат да ја препознаат таа температура со посебен метод, а останатите може да се послужат со овој трик.
На шпоретот ставете чиста тава без масло и оставете ја да се загрее. Кога мислите дека е доволно врела, на површината додајте малку вода.
Ако ништо не се случи со водата, тавата е ладна. Ако почне да врие и испарува, значи дека тавата сè уште не ја постигнала оптималната температура. Кога се лизга како парче мраз, тогаш е подготвена.
Погледнете го видеото и испробајте ја постапката: