Божиќните празници во Австралија изгледаат сосема поинаку отколку во нашиот регион. Летото само што започна во Сиднеј, па Австралијците слободното време го поминуваат во близина на плажа. Една од нив е Никол Кидман.
Никол Кидман го помина денот со својот сопруг, семејството и пријателите на култната плажа Бонди во Сиднеј. Освежување од летните температури побарала во морето.
Холивудската актерка се грижи за својата кожа и штетните УВ зраци, па на плажа доаѓа во долги ракави. Поточно, таа беше фотографирана облечена во црн костим со кратки ракави, каков што обично го носат сурферите.
Краткиот костум од неопрен ја откри фит фигурата на актерката која на крајот на јуни наполни 57 години. Очигледно е дека Никол Кидман не пропушта ниту еден тренинг во теретана.
Изгледот на плажа го заокружи со уште два основни аксесоари за плажа – капа и предимензионирани очила за сонце.