ТАА НИКОГАШ НЕ БИ ГО НАПРАВИЛА ТОА! Меган Маркл и принцот Хари проговорија за скандалот со Кејт Мидлтон

popara15 март, 20241min00
Screenshot_4

Меган Маркл и принцот Хари се огласија по повод фијаското со фотографијата на Кејт Мидлтон. Еве што имаа да порачаат војвотката и војводата од Сасекс.

 

 

 

 

Претставник на Фондацијата Арчевел на војводата и војвотката од Сасекс негираше дека извор близок до парот го коментирал случајот околу контроверзната фотографија на Кејт Мидлтон за Денот на мајката, објавена минатата сабота.

 

Во изјавата за „Њусвик“, портпаролот се осврна на изјавите објавени од страна на американскиот портал „Пејџ сикс“, а во кои се истакнува дека грешките што ги направила Кејт Мидлтон при уредувањето на фотографијата со децата Шарлот, Џорџ и Луис, Меган Маркл никогаш не би ги направила и дека војвотката и војводата од Сасекс би биле уништени доколку тоа ним им се случи.

Тие коментари, како што напиша американскиот портал, доаѓаат од извори блиски на Меган и Хари.

 

Меѓутоа, портпаролот на фондацијата инсистираше на „Њусвик“: „Што се однесува до „Пејџ сикс“, тоа не дојде од нас“, пренесува „Дејли мејл“.

 

Меган и Хари за првпат официјално го коментираа скандалот околу спорната фотографија, поради која Кејт се извини, истакнувајќи дека таа ја уредувала и монтирала фотографијата. Потоа се појави во Виндзор со нејзиниот сопруг Вилијам, но се коментира дека и таа фотографија е резултат на фотошоп, па дури и дека самата принцеза не била во автомобилот тој ден, туку дека е стара фотографија била додадена на новата.

 

Да потсетиме, Кејт на 16 јануари имаше операција на абдоменот во Лондон и оттогаш трае нејзиното закрепнување.

 

Водечките светски новински агенции Ројтерс и Асошиетед прес ја повлекоа фотографијата на Кејт Мидлтон откако беше проценето дека фотографијата е фотошопирана. Скандалот со фотошоп се случи откако се појавија бројни теории на заговор за принцезата од Велс – заедно со мистериите околу нејзиното лекување и закрепнување, што кулминираше со секакви сомнежи и шпекулации.

„Пејџ сикс“ неодамна објави дека луѓето блиски на Меган и Хари рекле: „Тоа е грешка што Меган Маркл никогаш не би ја направила. Таа има остро око и неверојатно внимание посветува на деталите“.

 

Споредбата меѓу принцезата и војвотката од Сасекс така се најде во прв план – и покрај сè што се случува и со што се соочува сопругата на принцот Вилијам и не само тоа… Тука била и оваа реченица: „Ако Хари и Меган се соочеа со овој проблем, би биле уништени“.

Слични реченици можеле да се слушнат и порано, а со тоа било потенцирано и се потенцира разликата во положбата на Кејт, Меган и Хари, односно привилегиите што ги има принцезата и ускратените привилегии на војвотката и војводата од Сасекс. Многупати ваквите споредби беа несоодветни, а сега изгледа повеќе од кога било.

 

„Истите правила не важат за двата парови“, додаваат изворите, мислејќи на Меган, Хари и Кејт и Вилијам, објави „Пејџ сикс“.

 

Ваквите коментари го допреа и конфликтот во семејството, и свежата рана предизвикана од катастрофата со фотошоп.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag