Таа тврди дека не сакала деца, тој вели: тоа е лага! Исповедта на Џо Манганиело е во спротивност со се што кажа Софија Вергара

popara17 јули, 20241min00
Софија Вергара и Џо Маргинело
Откако Софија Вергара ја откри својата страна од приказната по разводот, Џо Манганиело тврди дека тоа не е вистина.
Актерот Џо Манганиело се разведе од својата колешка Софија Вергара во февруари 2024 година, а иако на почетокот не зборуваа за причините за разводот, сега и двајцата ја открија својата страна на приказната и ситуацијата која претходела на одлуката за разделување.

Вергара пред извесно време откри дека главната причина е тоа што е „подготвена да биде баба, а не мајка“, откривајќи дека камен на сопнување била желбата на нејзиниот сопруг да има дете, но дека таа не ја делела истата желба. Софија Вергара на 19 години роди син и не криеше дека се исполни во таа улога и не сака повеќе деца.

Сепак, Манганиело сега се соочи со својата поранешна сопруга и тврди дека таа – не ја кажува вистината!

Тој всушност негираше дека се развеле затоа што тој сакал деца, а таа не, во новото интервју за Men’s Journal.

– Тоа не беше вистинската причината зошто сè заврши. Тоа се случи затоа што двајца се оддалечивме и тоа понекогаш се случува – изјави 47-годишниот актер.

Сепак, тој потврди дека се обидувале да добијат дете првата година и половина од бракот. Тој вели и дека тој и 52-годишната Софија имале отворен разговор за децата кога почнале да излегуваат во 2014 година.

– И кажав дека ако завршила со раѓање на деца, јас го разбирам тоа. Кажи ми и знам на што сум и тоа е во ред. Но, тоа не беше случај со неа. И се заколнав дека никогаш нема да ја оставам ако не успее, и не го направив тоа – откри Манганиело.

 

Од друга страна, Вергара вели дека раскинале бидејќи ја немале истата визија за иднината на своето семејство.

— Бракот ми се распадна затоа што маж ми е помлад; тој сакаше деца, а јас не сакав да бидам стара мајка – рекла таа.

Манганиело беше фрустриран од ова и не сакаше да премолчи:

— Да те претставуваат како некој што е во средовечна криза и после 9 години да ја свртиш страната и да кажеш некому: „Направи го ова потенцијално нездраво за твоето тело или јас си одам? Никогаш не сум бил таков“, рече бранејќи се.

Двојката се разведе во јули 2023 година, по 7 години брак.

Во меѓувреме, и двајцата стапија во нови врски, Софија со хирургот Џастин Салиман, а Џо со телевизиската репортерка Кејтлин О’Конор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag