Тајна состојка за највкусните печени компири: Секогаш ќе бидат крцкави и нема да се лепат

popara15 мај, 20241min00
pexels-pixabay-273825-750x499

Печените компири се едни од омилените прилози. Одат со сите јадења со месо и одлично одат со сезонски салати. Сепак, многу домаќинки имаат проблем при подготовката бидејќи се лепат за време на печењето и не се доволно крцкави.

За да не ви се случи ова, ова е проверен рецепт:

Состојки:

1 кг компири
2 лажици пченкарно брашно
100 мл масло
сол по желба
зачини (по избор)

Подготовка:

Компирите излупете ги, исечете ги на четвртинки и бланширајте ги во малку посолена вода. Потоа префрлете ги во цедалка, изладете ги малку и посипете со пченкарно брашно. Протресете ја цедалката за компирите да се премачкаат со брашно од сите страни што е можно повеќе.

Вклучете ја рерната на 220 степени, подмачкајте ја тавата во која ќе ги печете компирите, па ставете ја во рерна. Само кога ќе се загрее маслото, извадете ја тавата од рерна, ставете ги компирите и вратете ги во рерна да заруменат, но намалете ја температурата на 200 степени.

Ако сакате зачини, додадете ги веднаш штом ќе ги префрлите компирите во топла тава.

Ако ставите компири во тавче со ладно масло, тие ќе се залепат за време на печењето и ќе се распаднат кога ќе ги извадите. Топла тава со загреано масло обезбедува компирите да не се лепат за тавата за време на печењето.

По дваесетина минути, компирот треба да биде испечен, златен и крцкав. Послужете топло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag