„Тоа беше најжешкиот интимен однос којшто некогаш сум го имала“: Анџелина Џоли открила дека овој колега ја довел до „лудило“ во текот на снимањето на филмот

popara14 март, 20241min00
Screenshot_2

Поранешните партнери на Анџелина Џоли веројатно не биле воодушевени кога на медиумите таа им открила дека најдобриот секс некогаш го имала во филмското остварување „The Bone Collector“ од 1999 година и дека всушност самиот чин во филмот не е сексуален.

 

 

 

 

Актерката во текот на својата плодна кариера имала многу згодни колеги за партнери, но особено уживала во друштво на Дензел Вашингтон со којшто го снимила спомнатиот трилер.

 

Џоли признала дека Вашингтон успеал да ја маѓепса во текот на снимањето и дека имале неверојатна хемија на екранот.

 

 

 

Џоли и Вашингтон пред 25 години заедно работеле на крими остварувањето кое се базира на истоимениот роман на Џефри Драјвер од 1997 година.

 

Убавата бринета ја добила улогата на полицајката Амелија Донахи која очајнички трага по серискиот убиец којшто зад себе на секое место на злосторството остава вознемирувачки знак на препознавање – коска која ја извадил од жртвите.

 

Додека се обидува да ги дешифрира трагите кои убиецот ги остава, таа со помош на повик на талентираниот форензичар Линколн Рајм којшто го толкува Вашингтон се труди да го оствари сето тоа.

сдф
фсд
џвц

Рајм после ужасната несреќа останал парализиран од вратот надолу, но неговиот ум и натаму функционира брилијантно и неговото водство е клучно во решавањето на случаите.

 

Амелија и Линколн сѐ повеќе време поминуваат заедно, прегледувајќи ги доказите и анализирајќи ги различните теории, па неизбежно доаѓа до нивно зближување.

 

Џоли своевремено објаснила дека романтичниот момент меѓу неа и ликот на Дензел бил многу важен за дејството на филмот, но дека пред сѐ тој е основан врз интимноста, а не врз допири и физичка блискост. Сепак и натаму смета дека тоа е врвот на еротиката која ја доживеала во текот на својата кариера.

 

„Она што е фасцинантно се патувањата кои овие два ликови ги преземаат и длабокиот однос којшто се развива меѓу нив“, изјавила славната 48-годишна актерка, додавајќи дека сцената во која користи и мирис и интелект кога го завела Дензел, односно неговиот лик, е „најдобриот секс којшто некогаш го имала“.

 

„Беше прекрасно да се заведе некој со својот ум, тоа носи огромно возбудување“, заклучила актерката.

 

Анџелина открила и дека во текот на снимањето на овој филм нејзината психа била „раздрмана“, што можеби и не било чудно со оглед на самиот расплет.

 

„Мојот лик речиси ме доведе до лудило затоа што беше толку луда однатре“, искоментирала Џоли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag