Том Круз повеќе не ја крие врската со 25 години помладата Елсина,поранешна сопруга на руски олигарх

popara13 февруари, 20248min00
Том Круз

Актерот неодамна беше виден со 36-годишната богаташка Елсина Хаирова, која доби 150 милиони фунти за развод од руски трговец со дијаманти, на настан на кој се дружеше со принцот Вилијам.Холивудскиот актер Том Круз повеќе не е „соло“.

Срцето на ѕвездата од акционата франшиза „Невозможна мисија“ го освои Елсина Хаирова, многу богата 36-годишна Русинка. Таа е ќерка на руски претставник и поранешна сопруга на олигархот Дмитри Цетков, кој своето богатство го стекнал тргувајќи со дијаманти. Елсина Хаирова со години живее во Лондон, има британско државјанство,а како што се верува дека по разводот нејзиниот поранешен сопруг и платил околу 150 милиони фунти.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsina Khayrova (@elsina_k)

Дека ѕвездата на „Топ Ган“ и руската богаташка се навистина пар, потврдија на елитен лондонски хуманитарен настан, гала вечер на која се собираше финансиска поддршка за хуманитарната организација”Air Ambulance Charity’. Принцот Вилијам беше почесен гостин на настанот во лондонскиот Raffles.

Актерот, кој и на 61 година има намера да ги снима сите акциони сцени без помош на каскадери, и неговата избраничка, дошле одвоено на настанот, внимавајќи да не се фотографираат заедно, а речиси цела вечер (освен кога Том не бил во друштво на принцот Вилијам) ја поминале заедно.

“Тие станаа многу блиски во последните неколку недели, но внимаваат да не се фотографираат заедно бидејќи би сакале да ја задржат својата приватност. Том ја помина ноќта во станот на Елсина, кој како што можете да замислите е многу убаво место. Тие уживаат во трошењето време заедно и покрај нивното богатство, тие прават многу работи што ги прават нормалните парови“, изјави извор за  Daily Mail. На пример, парот вечерал во многу ексклузивен ресторани во Лондон, а уживале и во заедничките прошетки во “Hyde” паркот, кој се наоѓа во близина на станот на Елсина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsina Khayrova (@elsina_k)

Меѓу имотите што ги добила Хаирова во случајот за развод од нејзиниот поранешен сопруг, има и стан во Најтсбриџ, вреден околу 10 милиони фунти, во кој, според „Дејли мејл“, ноќта ја поминал Том Круз. Исто така, треба да се каже дека поранешната двојка беше во брак околу единаесет години, за кое време тие се здобија со замок во вредност од 22 милиони фунти во Вентворт, Сари, како и имот во Лондон во вредност од околу 18 милиони фунти. Тие исто така имаа имоти во Дубаи и Кипар, автомобили, накит и уметнички колекции вредни милиони фунти. Нивниот случај за развод се најде на насловните страници минатото лето бидејќи, пред да ги поднесе документите за развод, Каирова беше обвинета дека криела значителен дел од имотот на нејзиниот сега поранешен сопруг (поврзан со британските санкции против руските олигарси кои го поддржуваат режимот на Путин и бруталната агресија против Украина), со посебен акцент на колекцијата чанти вредна милион фунти!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma