Трагичната животна приказна на Мараја Кери: Имала лоши односи со мајка и, сестра и се занимавала со проституција и двете минатата недела починале во ист ден

popara27 август, 20241min00
Мараја Кери

Ова е една од најтажните приказни во Холивуд.

Мараја Кери (55) денеска потврди дека за време на викендот ги изгубила мајка си и сестра си, кои починале истиот ден поради несреќни околности.

Една од најуспешните пејачки на сите времиња е позната по својот неверојатен вокал и хит музика, но нејзината лична приказна е исполнета со трагедија и тензија кои го одбележаа нејзиниот живот.

Зад гламурот и сјајот се крие сложена семејна динамика која ја обликувала нејзината личност и кариера.

Мараја е родена во 1970 година во Њујорк, во семејство со мешано потекло. Нејзините родители, Афроамериканецот Алфред Рој Кери и белата Патриша Хик, родена во Ирска, се соочија со предрасуди и расни тензии, што значително влијаеше на нивните деца.

Како најмало дете во семејството, Мараја уште од мали нозе била сведок на семејни конфликти и расизам, кои оставиле длабоки емотивни лузни.

Нејзиното детство беше обележано со разводот на нејзините родители и продорната напнатост. Мараја во неколку наврати зборуваше за тоа како нејзината мајка, талентирана оперска пејачка, имала тежок темперамент и била емотивно оддалечена, додека нејзиниот татко бил отсутен поради работа.

Растејќи во таква средина, Мараја често се чувствувала несакана и изолирана, што подоцна се одразило на нејзините односи со членовите на семејството.

Нејзините односи со нејзината постара сестра Алисон и брат Морган беа особено проблематични. Алисон, која помина низ низа неволји во животот, вклучително и проституција и зависност, ја обвини Мараја дека ја напуштила во тешки времиња.

Мараја, пак, тврди дека се обидела да и помогне на својата сестра, но дека нивната врска била премногу токсична. Морган, нејзиниот брат, исто така честопати беше во несогласување со Мараја, критикувајќи го нејзиниот начин на живот и одлуките што ги носеше.

Во 2020 година, Мараја објави мемоари наречени „Значењето на Мараја Кери“, во кои откри многу болни детали од нејзиниот живот. Во книгата таа пишуваше за тоа како семејството често ја користело нејзината слава и пари, што дополнително ја влошило нивната врска.

Марија го опиша своето семејство како „луѓе кои сакаа да профитираат од нејзиниот успех“, што доведе до нејзино отуѓување од нив.Иако постигна голем успех во кариерата, Мараја Кери никогаш не успеала да изгради стабилни семејни односи. Нејзината трагична и напната семејна приказна, обележана со конфликти, предавство и емотивни рани, останува темната страна на нејзиниот брилијантен живот во светот на музиката.

И покрај се, Мараја продолжи да се бори за себе и за своите деца, обидувајќи се да најде мир и среќа во светот кој честопати беше суров и безмилосен за неа.

Познатата пејачка потврди дека викендов останала без мајка и сестра, кои трагично починале истиот ден.

– Срцето ми е скршено што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт, сестра ми го загуби животот истиот ден – изјави таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag