Популарната серија „The Lincoln Lawyer“ се враќа на Нетфликс со возбудлива трета сезона која ни носи нови предизвици за адвокатот Мики Халер. Многу саканата правна драма е базирана на книгите на Мајкл Конели, а новата сезона е базирана на петтата книга „Gods of Guilt“.
Интригантен заплет
Мики Халер (Мануел Гарсија-Рулфо) се соочува со лични и професионални предизвици кога ќе го преземе случајот на Џулијан Ла Косе, обвинет за убиство на Глорија Дејтон, поранешната клиентка на Мики.
„Го гледаме Мики како се бори со толку многу работи во исто време – романса, жени, случаи. Никогаш не знаеш што ќе се случи, кој ќе биде лош, а кој ќе биде виновен“, рече актерот што се враќа како Мики, додека сценаристот Дејлин Родригез откри уште неколку детали кои ќе ја направат третата сезона особено напната.
„Ова е лично, бидејќи ова е клиент за кој навистина се грижел и мислел дека таа се извлекла од тој живот и опасност. Мики го прогонува прашањето дали има врска со тоа и дали можел да направи повеќе за да и помогне. Останува измачен со чувството дека можеби е некако одговорен и се претвора во човек со јасна мисија“, рече Родригез.
Нови лица
Со враќањето на поголемиот дел од актерската екипа од втората сезона, вклучувајќи ги Мануел Гарсија-Рулфо, Беки Њутн, Јаја Дакоста и Неве Кембел, која ја играше првата сопруга на Мики, оваа сезона носи и некои нови лица како судијката Регина Тарнер, која ја игра Мерин Данџи, позната од серијата „Мали лаги“ и Вилијам Форсајт, кој ќе го игра Џон Пиручело, кој многумина го знаат по улогата во серијата „Barry“.
Третата сезона од серијата „The Lincoln Lawyer“ успешно ја гради својата популарност на темелите на претходните сезони, носејќи ново ниво на тензија. Со интригантен крај, серијата ги остава гледачите да очекуваат потенцијална четврта сезона.