Анџелина Џоли е оперската икона Марија Калас во филмот „Maria“, а сега конечно е објавен трејлерот, како и информацијата за тоа кога ќе можеме да го гледаме за прв пат на Нетфликс. И навистина едвај чекаме.
Најновиот биографски филм на режисерот Пабло Ларен, „Maria“, го прикажува животот на величествената и славна сопранистка Марија Калас, а откако беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Венеција и на Анџелина Џоли и донесе осумминутни овации, едвај чекавме да ги видиме првите кадри, но и да дознаеме кога ќе можеме да го гледаме дома.
Трејлерот е тука и навистина ветува, сцените и костимите се неверојатно убави, а Анџелина изгледа ранливо, а сепак моќно и експресивно во сцените кои се откриваат.
Коментарите се донекаде поделени, па додека едни велат дека од трејлерот се гледа дека ова е животна улога на Анџелина и дека дури и Оскар можел да ѝ се насмевне, други велат дека на нејзино место требало да биде друга актерка, на пример Моника Белучи.
На која страна ќе застанеме, ќе знаеме кога ќе го видиме филмот, кој ќе биде достапен за премиера на Нетфликс од 11 декември.
„Да имам можност да ги спојам двете мои најдлабоки и најлични страсти, киното и операта, беше долгоочекуван сон. Да се направи ова со Анџелина, исклучително храбар и љубопитен уметник, е фасцинантна можност, вистински подарок“, рече режисерот Пабло Ларен.