Во организмот секојдневно се внесуваат најразлични отрови и затоа нутриционистите составиле соодветно мени како во најкраток рок да се ослободите од токсините во телото
Нашиот имунолошки систем и другите системи во организмот, секоjдневно се борат со најразлични видови отрови што ги внесуваме во телото, преку храната, од воздухот, препаратите за чистење на домот, различните козметички средства, лековите и многу други работи.
Нашиот организам има во одредена мера, природно развиен механизам да се „бори“ со токсините, но понекогаш се случува толку многу да се наталожат во телото, што за да функционира организмот нормално, потребно е да се обезбеди дополнителна помош. Овој неколкудневен начин на исхрана го овозможува токму тоа.
Токму наталожените токсини во телото се главна причина за чувството на недостиг на енергија за извршување на секојдневните обврски, константната главоболка, мачнините, малаксаноста, проблемите со спиењето, одредени промени на кожата, акни, но и појава на одредени типови алергија.
Идеално решение за сите овие проблеми, но и за да се забрза метаболизмот, па дури и да се намали телeсната тежина за околу три килограми и тоа за само три дена е т.н. тридневна детокс-диета.
Оваа диета делува многу брзо, а ефектите по здравјето ќе бидат извонредни, ќе ви се врати енергијата, отпорноста и виталноста.
Дневно мени:
Прв ден:
Појадок: Испијте една чаша млака вода, во која ќе ставите сок од еден лимон, а потоа подгответе шејк од половина краставица, едно јаболко, 200 грама млад спанаќ, 1 сантиметар лупен ѓумбир и сок од еден лимон. Овие состојки убаво миксирајте ги, а потоа пијте ги во текот на попладнето, односно сѐ додека не си подготвите ручек.
Ручек: Сварете бистра чорба, во која ќе ставите сечкани моркови, кромид, лук, малку грашок и неколку ситно исечкани ливчиња нане. Можете да додадете малку сол, неколку капки маслиново масло и едно органско јајце, кое ќе ги соедини состојките, а на храната ќе ѝ даде поубава текстура.
Ужина: Една праска или портокал по ваш избор (во зависност од сезоната) и една чаша зелен чај.
Вечера: 200 грама лосос печен на скара во комбинација со малку цимет и 50 милилитри сок од лимон. По вечерата задолжително испијте една чаша чај од билки.
Втор ден:
Појадок: Една чаша млака вода во која ќе ставите сок од еден лимон, а потоа повторно подгответе шејк во кој ќе ставите едно јаболко, 100 грама брокула, неколку листови свежа зелка, малку нане и 2-3 главици кељ.
Ручек: 200 милилитри кефир и свежа сезонска салата, подготвена од една главица кромид во комбинација со целер и неколку рендани моркови, кои ќе ги зачините со маслиново масло, јаболков оцет и малку сол.
Ужина: Две киви.
Вечера: сварете зеленчук по ваша желба. Одберете помала количина спанаќ, грашок, целер, моркови, боранија, карфиол, брокула, прокељ и сл. Откако зеленчукот ќе го обарите, можете да го комбинирате со 50 грама обезмастено младо кравјо сирење.
Трет ден:
Појадок: Една чаша млака вода во која ќе ставите сок од еден лимон. За третиот ден, од процесот на детоксикација потребно е да си подготвите смути од еден домат, малку ѓумбир, грејпфрут, ананас, авокадо и малку свеж млад спанаќ.
Ручек: Подгответе чорба од неколку домати, која ќе ја комбинирате со 100 грама обезмастено младо кравјо несолено сирење.
Вечера: Филети од риба по ваш избор испечени на скара, кои можете да ги изедете во комбинација со печени пиперки и еден свеж домат.