Едноставен и ефикасен трик кој се појави на социјалните мрежи ќе ви помогне да ја доведете во ред вашата наелектризирана коса.
Често се случува косата да остане наелектризирана после миење и сушење. Со помош на малку алуминиумска фолија лесно ќе го решите овој проблем.
Инфлуенсерката Сара Хосел, која споделува различни совети за убавина, открила трик како да ја „скроти“ косата и да имате уредна фризура за само неколку секунди.
Се што ви треба е да земете парче алуминиумска фолија. Земете прамен од косата, ставете го на фолијата и полека лизгајте ја фолијата преку косата, по целата должина.
View this post on Instagram
Со овој трик ефикасно ќе имате уредна коса за неколку секунди.
Само треба да запомните да понесете парче алуминиумска фолија од дома и секогаш да го чувате во вашата чанта.