Трик кој жените ќе го обожаваат: Еве како да не ве болат нозете во штикли, ви треба само еден производ

popara12 мај, 20241min00
66542_cipele-shutterstock-418293850_f

Потпетиците се прекрасни иако има голем број на рамни чевли. Штиклите сепак владеат со трендовите. Но, понекогаш тие можат да предизвикаат непријатност, особено по неколку часа стоење.

Иако има убави модели, не е добро да ги купуваме без размислување, за да не завршиме со премногу обувки дома што не ги носиме. Помодерните, нови верзии имаат вградени перничиња каде што седи предниот дел од стапалото, што го олеснува нивното носење.

Еден од практичните трикови е ставање фластер на третиот и четвртиот прст, а ќе делува и медицинската лента, наместо фластер.

Основата на овој трик лежи во медицинската теорија – бидејќи со спојување на тие два прста всушност е можно да се спречи појавата на болка. Помеѓу нив е нерв кој предизвикува болки во нозете при носење високи потпетици, пишува Daily Mail.

Доколку барате најпрактични потпетици кои нема да ви ги повредат глуждовите, изберете блок штикли бидејќи тие се најлесни за носење.

Избегнувајте модели со шило за потпетица бидејќи таа е малку понеудобна и може да предизвика болка.

И покрај тоа што страдате поради убавината, добро е да знаете еден ваков трик кој ќе ви го олесни стоењето или останувањето во убави штикли неколку часа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag