Салма Хајек неодамна на својот Инстаграм профил сподели трик кој може да ви помогне да ја сокриете седата коса кога брзате и сакате беспрекорна фризура.
Актерката и продуцентка Салма Хајек воодушевува многумина со својот изглед, а неодамна на својот Инстаграм профил сподели одличен совет за криење на седата коса. Понекогаш немате доволно време да се фарбате, а ве чека важен настан каде што сакате да изгледате убаво. Тогаш можете да искористите едноставен трик!
– Кога до мене нема фризер или стилист, ставам маскара. Добро исчистете ја, па само вака повлечете – објаснила актерката покажувајќи како ја бојадисува седата коса со црна маскара.
View this post on Instagram
– Сите мои сиви влакна не само што поцрнуваат, туку остануваат исправени – додаде таа.
Непослушните влакна на почетокот на скалпот се голем проблем за многу жени, но овој трик го решава и тоа. Ќе имате совршена фризура и изедначена боја.