Трик од две секунди кој открива дали ШТИКЛИТЕ ЌЕ ВИ БИДАТ УДОБНИ

popara31 декември, 20241min00
62987584-stikle

Купувањето штикли може да биде ризично бидејќи за кратко време што е потребно да се пробаат чевли во продавница, не можеме да знаеме дали штиклите ќе бидат удобни. Но, постои решение бидејќи најдовме трик кој за две секунди ќе ви каже дали штиклите ќе ви бидат удобни.

За да одлучите дали штиклите ќе ви бидат удобни, не мора ни да ги пробувате! Всушност, може да се забележи само со гледање на чевлите, а се што ви треба е лента за мерење. Растојанието помеѓу ѓонот и петицата ќе ви каже дали потпетиците се удобни.

Можете да видите дали потпетиците ќе бидат непријатни пред да ги пробате.

Ако растојанието помеѓу ѓонот и петицата е помало од 7,5 сантиметри, чевлите нема да ви бидат удобни, без разлика на висината на петата. Колку е помало растојанието, толку е поголем наклонот и поголема тежина на прстите, а со тоа и поголема непријатност и болка.

Затоа, доколку сакате да носите удобни чевли со високи потпетици, купете такви со ова растојание од најмалку 7,5 сантиметри.

Ако нарачувате чевли од онлајн продавница и не можете физички да ги измерите, можете да ги измерите на екранот на вашиот компјутер и да ги споредите со другите чевли со високи потпетици на страницата.

Поудобни ќе бидат потпетиците со поголемо растојание од ѓонот до петицата, додека оние со помало растојание подобро да се избегнуваат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag