Брза диета „3 дена” е една од најпопуларните диети денес, бидејќи трае кратко време и дава инстант резултати.
Немојте да се чудите што низ целиот текст ќе се провлекува фамозното „3 дена” – а причината е што оваа диета не е на списокот на препорачаните и затоа, ако веќе сакате да ја држите – држете ја 3 дена! Многумина ја „усвојуваат” како своја редовна диета и циклично ја повторуваат кога и да е потребно, т.е. кога треба брзо да изгубат неколку килограми. Лошата страна на диетата е дека можете да ги зачувате резултатите само ако го промените начинот на исхрана, т.е. намалите / исфрлитете од исхраната сè што придонело за зголемување на телесната тежина (претежно слатки, обилни и масни оброци и секако многу тесто) и, секако, ќе мора да вежбате повеќе. Сè друго води до познатиот јо-јо ефект.
Едноставно кажано, брза диета „3 дена” е нискокалорична диета и ништо нема чудесно во неа (некои специјални хемиски реакции кои согоруваат килограми и сл.) Губењето на тежината е резултат на значително намалување на калориите, а она што се губи е помал дел маснотии, а поголем дел задржување на вода. И тоа е тоа. Поради намалениот внес на калории, се препорачува да се практикува оваа диета само 3 дена и за тоа време очекуваното губење на тежината е помеѓу 2 и 3 кг.
Брза диета “3 дена” – план на оброци по денови
Воведна белешка: Во планот честопати се споменува единицата за мерка шолји и затоа треба да се разјасни колку е тоа. Значи, шолјата за која станува збор е стандардна шолја која се користи за чај, а зазема нешто повеќе од 2,3 дл.
Ден 1
Доручек:
- црно кафе или чај (малку засладено)
- 1/2 грејпфрут
- 1 парче тост лепче
- 1 супена лажица путер од кикирики
Ручек:
- 1/2 шолја туна
- 1 парче тост лепче
- кафе или чај (малку засладено) или вода
Вечера:
- 100 гр варено посно месо (било кое)
- 1 шолја варена боранија
- 1 шолја моркови
- 1 шолја сладолед од ванила
- 1 јаболко средна големина
- кафе или чај (малку засладено) или вода
Ден 2
Доручек:
- црно кафе или чај (малку засладено)
- 1 варено јајце
- 1 парче тост лепче
- 1 банана
Ручек:
- 1 шолја безмасно сирење
- 1 парче тост лепче
- кафе или чај (малку засладено) или вода
Вечера:
- 2 виршли
- 1/2 шолја моркови
- 1 шолја барена брокула
- 1/2 шолја сладолед од ванила
- кафе или чај (малку засладено) или вода
Ден 3
Доручек:
- црно кафе или чај (малку засладено)
- парче (околу 50 грама) младо сирење
- 1 парче тост лепче
- 1 јаболко
Ручек:
- 1 тврдо варено јајце
- 1 парче тост лепче
- кафе или чај (малку засладено) или вода
Вечера:
- 1 шолја туна
- 1 шолја моркови
- 1 шолја карфиол
- 1 шолја сезонско овошје
- 1/2 шолја сладолед од ванила
- кафе или чај (малку засладено) или вода
Замена
Брза диета “3 дена” можни замени:
– Портокал наместо грејпфрут
– Туна наместо сирење и обратно
– Разладен јогурт наместо сладолед
– Боранија наместо брокула
– Карфиол наместо брокула
– Цвекло наместо моркови
Заклучок
Како што е веќе кажано, горенаведената диета не спаѓа во редот на здрави диета, но од друга страна носи брзи резултати. Ќе ви помогне брзо да “стесните” и да влезете во гардероба која била тесна до вчера. Но, препораката е да ја применуваат само здрави луѓе и да трае онолку дена колку што кажува името: Брза диета 3 дена!