ТРИ МАСКИ ЗА ПОБРЗ РАСТ НА КОСАТА Од целосно природни состојки кои веќе ги имате дома

popara22 декември, 20241min00
Screenshot_12

Летото, сонцето и морската сол го направија своето, а пред есенскиот ветар да почне дополнително да ви ја оштетува косата, време е да преземете нешто. Колку и да обожавате долга коса, првиот чекор што дефинитивно мора да го преземете, е задолжително да ја потстрижите.

 

 

 

Ако имате проблеми со растењето на косата и добивање на посакуваната должина, воопшто не грижете се, бидејќи вистинските и најдобри решенија, секогаш се кријат во природата.

 

Масажата на главата секогаш многу влијае врз растот на косата. Ова едноставно решение ќе го потикне крвотокот, ќе ја подобри силата и јачината на коренот на косата и ќе им помогне на хранливите состојки побрзо да стигнат до самите фолекули.

 

Употребете масло од рузмарин за масажа на коренот на косата, кое на неверојатен начин ќе влијае врз растот на вашата коса. Неколку капки од маслото можете да додадете и во шампонот со кој најчесто ја миете косата.

 

Друг супер ефективен начин е сами да си направите природна маска со која ќе ја повторите истата постапка. Измешајте две лажици маслиново масло со две јајца, а доколку ви смета тоа што маската е леплива, додајте и малку вода за да ја разредите. Оваа маска е совршена за брз раст на косата, бидејќи јајцата содржат лецитин и протеини кои што ја зајакнуваат, ја хранат и ја лечат оштетената коса.

 

Благодарение на хидратационото дејство, оваа маска може да ви помогне дури и во борбата со перутот. Доколку не сакате или пак немате време да ја втриете во косата, нанесете ја внимателно и оставете ја да отстои на косата околу половина час.

 

Иако не е многу обожувано, рицинусовото масло сѐ повеќе добива на значење благодарение на неговите лековити способности. Пред сѐ, рицинусовото масло има антифунгални и антибактериски својства за помош во борбата против инфекциите на кожата на главата. Она што е дополнително супер, е тоа што ова масло содржи и големо количество на омега – 6 киселини, витамин Е, протеини и останати хранливи состојки што можат дополнително да го поттикнат растот на косата.

 

Загрејте неколку капки од маслото на лесен оган и втријте го во коренот на косата и покријте ја со капа за туширање, па така нека отстои околу 15 – тина минути. Веднаш потоа, измијте ја косата со шампон, а резултатите ќе бидат видливи побрзо од што очекувате!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag