„ТРИ ПАТИ БЕВ НОКАУТИРАНА“ Омилената актерка откри дека еднаш за малку ќе умрела и го покажала скршениот прст

popara16 август, 20241min00
Screenshot_3

Американската актерка Хали Бери (57) првпат се појави во филмот „Икс-мен“ во улогата на Сторм пред 24 години, по што почна да ниже успех по успех.

 

 

 

Таа доживеа светска слава со улогата на жена-мачка во филмот „Жена-мачка“ („Catwoman“), а ја доби и престижната филмска награда Оскар за својата актерска умешност во „Бал на монструми“ („Monster’s Ball“).

 

Нејзината кариера трае до ден-денес, а Бери е меѓу најплатените актерки во Холивуд.

 

Во моментов, таа го промовира новиот филм „Унијата“ („The Union“) со нејзиниот колега Марк Волберг, а за време на интервјуто објавено од Нетфликс изјави дека во текот на долгата кариера претрпела бројни повреди.

 

„Трипати бев нокаутирана. Ја скршив раката, двапати ги скршив ребрата – првиот пат две ребра, вториот пат три ребра. Ја скршив крсната коска, два прста на нозете и еден прст на раката”, рече таа, покажувајќи дека го скршила средниот прст на раката.

 

Бери зборуваше и за тоа кои боречки вештини морала да ги научи за потребите на снимањето.

 

„Научив џиу-џицу, малку мај-тај, кикбокс, таеквондо и научив како да пукам“, рече таа.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma