Донесуваме три „помошници“ кои ќе помогнат да се започне и најтврдоглавото варење.
1. Топла вода и лимон
Исцедете цел лимон во чаша млака вода и испијте го. Овој пијалок можете да го консумирате и како превентивна мерка за пречки во варење.
2. Маслиново масло и лимон
Проголтајте една лажица маслиново масло, по желба разредена со природен сок од лимон. Овој домашен лек за почеток на варењето најдобро е да го консумирате наутро или неколку часа по оброкот.
3. Сода бикарбона и млака вода
Измешајте половина лажичка сода бикарбона во чаша млака вода. Оваа храна со генерации е позната како сојузник на лошото варење, но важно е да се напомене дека треба да се користи само фармацевтска сода бикарбона без алуминиум, која можете да ја купите во аптеки или продавници за здрава храна.
Напомена: Овој рецепт не се препорачува за оние кои страдаат од чир на желудникот.
Овие совети се добредојдени кога варењето е толку забавено што му е потребна „надворешна“ помош што е можно поскоро.