Тукушто испраната облека ќе мириса прекрасно: Само оваа работа додадете ја во омекнувачот

popara9 мај, 20241min00
1632764981-pexels-rodnae-productions-5591640-750x500 (1)

Дали ви се случува колку и да ставите омекнувач во машината за перење, алиштата сепак да не мирисаат или мирисот брзо да исчезнува? Сигурни сме дека веќе сте наишле на ваков проблем.

Но, неодамна, во група на Фејсбук, г-ѓа Хинч, која редовно споделува совети и трикови за домаќинството, се појави одличен, едноставен совет за алиштата да мирисаат подобро и да траат подолго.

Се што ви треба за ова се целулозни сунѓери за миење садови и омекнувачот што вообичаено го користите.

Истурете ја смесата од вода и омекнувач во длабок пластичен сад кој може да се затвори херметички. Односот треба да биде 50:50. Потоа во таа смеса ставете ги сунѓерчињата (ако се преголеми едноставно пресечете ги на половина со ножици) и убаво измешајте.

Потоа ставете ја облеката во машина за сушење, а двата натопени сунѓери ставете ги директно во барабанот. Но, бидете внимателни – не заборавајте да ги исцедите добро пред да ги ставите во машина за сушење!

– Најдобро е што можете да ги користите повеќе пати, а мирисот воопшто не исчезнува – нагласила оваа жена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag