Познатиот рапер Шон Комбс, познат како Пи Диди, е уапсен вчера на Менхетен, Њујорк, а за тоа зборуваат сите светски медиуми.
За овие незаконски дејствија П.Диди беше обвинет за кривични дела – рекетирање, сексуална трговија, како и организиран превоз за овие незаконски работи.
Раперот се појави на суд и се изјасни за невин по обвиненијата.Неговите адвокати понудиле 50 милиони долари, но судијата ја одбил кауцијата.
Денеска беа откриени нови одвратни детали за познатиот рапер, меѓу другото, дека од неговиот дом биле запленети повеќе од 1.000 шишиња бебешко масло.
Имаше вознемирувачки наводи дека раперот сексуално и физички малтретирал жени, како и дека ги принудувал на односи со машки проститутки.
Да потсетиме, пред раперот да биде уапсен, тој беше забележан во градот со неговиот син Кристијан Кејси Комбс, познат и како Кинг Комбс и уште неколку луѓе.
Диди беше бил облечен во долга црна јакна со црна маица и беж панталони и иако било темница, носел црни очила за сонце.