Дева Касел веќе го покажа својот актерски талент, како и добрата смисла за модни комбинации, а сега блеска и на модната писта.
Дева Касел, убавата ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, беше главната протагонистка на ревијата на Алберта Ферети на модната недела во Милано, облечена во лелеавиот „гол“ фустан кој ги остави сите без здив.
19-годишната убавица на модната писта се појави во магично заводлива креација – долг фустан од благо проѕирна кремаста ткаенина, чиј мек материјал нежно пагаше над нејзината витка силуета.
Длабокиот шлиц збогатен со кафена тантела само на едната страна и ситни рози во капучино боја долж половината направија се да биде исклучително заводливо, додека елегантните долги ракави даваа гламурозен шмек.
Во овој скап фустан, Дева делуваше како исконски симбол на поетската женственост, која дополнително беше нагласена со пуштенa коса во бранови и суптилна шминка во природни тонови.
Со овој извонреден настап на ревијата во Милано, Дева Касел го најави почетокот на блескавата кариера како модел, а претходно се докажа како исклучително талентирана актерка со нејзината изведба во италијанскиот филм „La bella estate“.
Неодамна ја видовме во гламурозно издание на ревијата на Dior, каде се појави со своето момче, 24-годишниот италијански актер Саул Нани, со кој е во врска од октомври.
Изборот на убавата бринета тогаш беше ласкава кабаница инспирирана од 50-тите, која таа ја носеше како фустан, комбинирајќи ја со црни штикли, блескави златни обетки и познатата чанта Saddle на Dior.