Удобноста е на прво место: Никогаш не ја носете оваа облека на патување, зашто ќе зажалите

popara15 декември, 20241min00
92464_shutterstock-2140819061_f

Долгите патувања со авион, воз или автомобил бараат посебен пристап при изборот на облека. Секако, сите имаме паметна идеја да облечеме модерни тренерки и патики и да завршиме со тоа, но што ако приликата бара малку поформален изглед?

Веројатно сте имале барем една прилика кога сте ги облекле омилените фармерки кои создаваат непријатно чувство во пределот на половината, или сте заборавиле да понесете резервен пар чорапи и целото патување го поминавте чувствувајќи се малку студено.

За да ви помогнеме да бидете подготвени и да останете модерни за вашето следно патување, подолу се 7-те најчести грешки при изборот на облека за патувањето.

Без чорапи

Дури и ако носите балетанки или друг пар чевли без чорапи, секогаш ставајте пар кратки чорапи во вашата чанта. Ќе ви треба за време на безбедносните проверки и ако премногу се климатизира на долг авионски лет.

Комплицирани обувки

Чевлите или патиките што се без врвки се многу поедноставни и попрактични за комбинации за патување. Ова не е добро време да ги облечете вашите нови кожени чизми до колена.

putovanje

Тесен појас

Сите сакаме да носиме тесни, винтиџ фармерки со низок струк, но сите знаеме и колку тие можат да станат непријатни. Доколку инсистирате да носите фармерки, изберете пар со што повеќе еластин.

Кратки парчиња

Контактот со кожата со не толку чисти авионски седишта е донекаде нехигиенска опција. Изберете ленени кошули и панталони за удобно чувство.

Светли бои

Колку и да сакаме да носиме бело и сите негови варијации, оваа боја не ни е пријател додека патуваме. Причините се прилично јасни.

farmerke

Многу метални украси

Кога планираме патување со авион, се трудиме да носиме што е можно помалку метални детали – без разлика дали станува збор за чевли со сребрени прсти, ремени со токи или кожени јакни со патенти и копчиња. На овој начин избегнуваме дополнително чекање на контролниот пункт.

Без јакна

Колку и да е топло, во зависност од времетраењето на вашето патување, во одреден момент можеби ќе сакате да се завиткате во нешто и да се раскомотите. Нашата тајна е марама која можете да ја чувате на дното од чантата и да ја извадите доколку ви треба, пишува Elle.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag