Ѓумбирот е хит суперхрана на социјалните мрежи, но овој егзотичен корен долго време се користи во традиционалната кинеска, ајурведска и јапонска медицина. Ѓумбирот е една од најстарите билки и лековити растенија, а денес е незаменлив дел од медицината и готвењето.
Но, што го прави ѓумбирот толку магичен?
Горчливо-зачинетите состојки на гинџерол и есенцијалните масла содржани во овој корен имаат антивоспалителни и прочистувачки својства, па дури и ја ублажуваат болката. Затоа, како утринска напивка, наместо многу популарната вода со лимон, се препорачува да пиете напиток од ѓумбир, бидејќи придобивките се многу побројни.
View this post on Instagram
Рецепт за напиток од ѓумбир
Состојки:
1/2 шолја свежо цеден сок од лимон
1 шолја свежо цеден сок од портокал
55 гр свеж ѓумбир
Подготовка:
1. Се препорачува да се користи органски одгледан ѓумбир, бидејќи тогаш не треба да се лупи. Ако не сте во можност да најдете органски ѓумбир, тогаш едноставно излупете го свежиот ѓумбир и исечкајте го на парчиња.
2. Сите наведени состојки се ставаат во блендер и убаво се мешаат.
3. Добро процедете го напитокот низ ситно сито и исцедете ја целата преостаната течност од пулпата .Можете да додадете малку мед како засладувач.
View this post on Instagram