Фармерките, особено оние од темен тексас, после одредено време почнуваат да избледуваат. За да го избегнете ова, пробајте да се придржувате на овие 5 клучни правила.
- Во вода додадете поголема количина сол и потопете ги фармерките во неа. Оставете ги да отстојат околу саат време, а потоа исперете ги во машина за перење. Без разлика дали сега сте ги купиле или веќе ги имате носено неколку пати, оваа постапка ја фиксира бојата.
- Новите фармерки исперете ги со оцет. Додадете една шолја алкохолен оцет во преградата за детергент, а фармерките исперете ги на програма за ладно перење без детергент и омекнувач. Оцетот исто така ја фиксира бојата.
- Фармерките секогаш перете ги превртени наопаку и секогаш со темна облека.
- Перете ги само на ниски температури, а доколку имате време најдобро е да ги перете на рака. Потопете ги во ладна вода со детергент за перење и оставете ги 15 минути да отстојат, па потоа исперете ги. Топлата вода побрзо ја вади бојата.
- Избегнувајте да ги сушите фармерките во сушилница. Високите температури го оштетуваат материјалот, а покрај губењето на бојата, може и да се деформираат фармерките.