Убавата руска манекенка, Ирина Шајк направи фотосесија на плажа во Мајами, а за таа прилика облече златен сатенски фустан кој одлично и прилегаше.
Шајк, која има импресивна кариера во светот на модата, го заокружи стајлингот кој изгледаше како да и е создаден со изглед „no make up“ и разбушавена мокра коса.
Атрактивната 38-годишна бринета, која со бившиот партнер, актерот Бредли Купер ја има ќерката Леа, изгледаше неверојатно во ова сензационално летно издание.