Вечерашната ждрепка за Светското клупско фудбалско првенство секако ја одбележа Адријана Лима која беше во улога на водителка и која го привлече вниманието во бело издание.
Заедно со фудбалските легенди, Лима беше една од оние кои имаше можност да ги избере имињата на клубовите кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство.
Манекенката влечеше топчиња за четвртиот шешир, а особено внимание привлече начинот на кој го презентираше.
Поранешниот ангел на Викторија за оваа пригода облече бел костум, а одоздола имаше бела маичка. Косата ја носеше врзана.
Последниве години Лима беше на мета на критиките поради „вишокот килограми“ кои ги доби за време на последната бременост, а во најновите изданија покажа како повторно ја доведе својата линија до совршенство.
Лима, која важи за една од најубавите жени во светот, беше прогласена за прв глобален амбасадор на навивачите на ФИФА.