ФОТО: Награден со Оскар за најдобри остварувања, овој филм е апсолутен победник

popara11 март, 20241min00
96th Academy Awards - Oscars Show - Hollywood

Најдобар меѓународен филм е „Зона на интерес“ кој беше награден и во категоријата звук.

Филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ освои најмногу, вкупно седум Оскари – меѓу нив и оние за најдобар филм, режисер и главна и споредна машка улога, а потоа следува филмот на Јоргос Лантимос „Бедни суштества“ со четири награди.

„Опенхајмер“ доби Оскар за најдобар филм, режија, главна и споредна машка улога, оригинална музика, фотографија и монтажа и „Бедни суштества“ за главна женска улога, сценографија, шминка и фризура и костимографија. Најдобар меѓународен филм е „Зона на интерес“, кој беше награден и во категоријата звук.

Најдобар филм: „Опенхајмер“

Водечка машка улога: Килијан Марфи, „Опенхајмер“

Главна женска улога: Ема Стоун, „Бедни суштества“

Режисер: Кристофер Нолан, „Опенхајмер“

Споредна машка улога: Роберт Дауни Џуниор, „Опенхајмер“

Споредна женска улога: Да’Вајн Џој Рендолф, „Холдоверите“

Адаптирано сценарио: Корд Џеферсон, „Американска фикција“

Оригинално сценарио: Џастин Трит и Артур Харари, „Анатомија на падот“

Долгометражен анимиран филм: „Момчето и чапјата“

Краток анимиран филм: „Војната заврши! Инспириран од музиката на Џон и Јоко“

Меѓународен филм: „Зона на интерес“

Долгометражен документарен филм: „20 дена во Мариупол“

Краток документарен филм: „Последната продавница за поправка“

Оригинална музика: Лудвиг Герансон, „Опенхајмер“

Оригинална песна: Били Ајлиш и Финес О’Конел “What Was I Made For?” од филмот „Барби“

Звук: „Зона на интерес“

Сценографија: „Бедни суштества“

Краток игран филм: „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“

Фото: Хојте ван Хојтема, „Опенхајмер“

Шминка и фризура: „Бедни суштества“

Костимографија: „Бедни суштества“

Визуелни ефекти: „Гоџила: минус еден“

Монтажа: „Опенхајмер“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag