(ФОТО) Новата Мис Универзум е Викторија Кјаер од Данска

popara17 ноември, 20241min00
Victoria Kjær Theilvig

Данката Викторија Кјаер (21) ја освои титулата Мис Универзум 2024 година, со што на својата земја и ја донесе првата победа на ова натпреварување.

Круната на најубавата жена на светот, со аплауз на другите финалистки, синоќа во Мексико Сити и ја врачи поранешната Мис Универзум Шенис Паласиос од Никарагва на девојка од Данска, пренесува CNN.

Повеќе од 120 кандидатки учествуваа на 73. натпреварување за овогодинешната титула Мис Универзум во Мексико Сити.

Новата Мис Универзум, која пред неколку дена наполни 21 година, танцува, е претприемач и сака да гради кариера како адвокат.

За прва вицешампионка е избрана Чидима Адецина од Нигерија, втора придружничка Марија Фернанда Белтран од Мексико, а во првите пет убавици влегоа Сушата Чуангсри од Тајланд и Илеана Маркес Педроса од Венецуела.

Педроса (28) влезе во историјата на натпреварот за најубава жена на светот како прва меѓу петте финалистки која е мајка, откако долгогодишната забрана на натпреварувањето за трудници, мајки и мажени жени или оние кои беа во брак, беше тргната минатата година, потсетува CNN.

За прв пат во 72 години колку што трае конкурсот, оваа година на конкурсот можеа да се пријават кандидати постари од 28 години, па така повеќе од десет финалисти беа постари од претходно дозволеното.

Беатрис Нџоја од Малта е првата натпреварувачка во нејзините 40-ти што стигнала до големото финале.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag